Највисоката статуа на светот на папата Јован Павле Втори денеска е откриена во полскиот град Честохови, каде е роден некогашниот поглавар на Римокатоличката црква.
Статуата го прикажува папата, кој почина во 2005 година, со раширени раце и во бела облека, освен златниот крст што му виси околу вратот.
Споменикот е тежок 10 тони и висок 13,8 метри, а автор е Лешек Лисон.
Статуата е сместена зад паркот во кој се наоѓаат минијатури на свети места, како што е Лурда во Франција.
Лисон го запознал Карол Војтила во 60-тите години од минатиот век, пред тој во 1978 година да ја преземе должноста поглавар на Римокатоличката црква и да го земе името Јован Павле Втори.
Во Полска се наоѓа и највисоката статуа на Исус Христос, висока 36 метри, која во 2011 година е поставена во близина на автопатот во градот Свјебоѓина.