Бајрактар: Право на социјална помош може да добијат и лица избришани од евиденција на невработени

Од:

Правото на гарантираната минимална социјална помош може да остварат и лицата избришани од евиденција на невработените. Мерката за подршка на постоечките корисници на системот за социјална заштита со која околу 30 илјади домаќинства добија по 1.000 денари енергетски додаток, сега освен за месеците април и мај, се пролонгира до септември годинава, со цел обезбедување дополнителна поддршка на најранливите семејства.

Ова го истакна на денешната онлајн прес-конференција заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.

Тој додаде и дека се воведува измена за пролонгирање на важењето на олеснетиот услов за утврдување на материјалната необезбеденост. Имено, условот да се утврдува материјална обезбеденост врз основа на приходите на сите членови на домаќинството сметано само од последниот месец, односно само за месец за април и мај, сега се предвидува да важи од периодот од април до декември 2020 година.

-Во однос на тоа кои критериуми се најсоодветни за остваруање на правото на гарантирана минимална помош односно социјална помош, направивме измени во кои дополнително го олеснуваме влезот во системот на социјална заштита се релаксираат критериумите и начинот за оставрување и користење на правото на гарантирана минимална помош. Првата измена се однесува на пролонгирање на важењето на олеснетиот услов за утврдување на материјалната необезбеденост. Имено, условот да се утврдува материјална обезбеденост врз основа на приходите на сите членови на домаќинството сметано само од последниот месец, односно само за месец за април и мај, сега се предвидува да важи од периодот од април до декември 2020 година, рече Бајрактар.

Со ова измена, како што додаде, се овозможува брза реакција на системот на социјална заштита, со цел давање финансиска поддршка на материјално необезбедени домаќинства кои немаат приход од претходниот месец, од разни причини, престанок на работен однос, губење други видови приходи.

-Во однос на тоа кои критериуми се најсоодветни за остваруање на правото на гарантирана минимална помош односно социјална помош, направивме измени во кои дополнително го олеснуваме влезот во системот на социјална заштита се релаксираат критериумите и начинот за оставрување и користење на правото на гарантирана минимална помош. Првата измена се однесува на пролонгирање на важењето на олеснетиот услов за утврдување на материјалната необезбеденост. Имено, условот да се утврдува материјална обезбеденост врз основа на приходите на сите членови на домаќинството сметано само од последниот месец, односно само за месец за април и мај, сега се предвидува да важи од периодот од април до декември 2020 година, додаде Бајрактар.

Трета важна измена, како што посочи, е што дополнително ќе се релаксираат поединечни критериуми за остварување на правото на гарантирана минилана помош. Како најчести причини за неможност за оставрување на правото тој ги спомена поседување возило постаро од пет години, патничко возило, мотор, комбиња. автобус, камиони или трактор, но и за земјиште со површина не поголема од 500 метри квадратни, освен земјиште на кое се наоѓа објектот каде е корисникот. Истите овие, какон што рече тој, нема да се сметаат како имот што корисникот може да го отуѓи или изнајми и на тој начин да се издржува.

Заменик министерот додаде и дека мерката за подршка на постоечките корисници на системот за социјална заштита со која околу 30 илјади домаќинсства добија по илјада денари енергетски додаток, сега освен за месеците април и мај, се пролонгира се до септември 2020 година, односно надвор од грејната сезона, а целта е, како што рече, да им се обезбеди дополнителна поддршка на најранливите семејства.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска