А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пендаровски во видео разговор со директорот Институтот во Козле изрази поддршка и благодарност за грижата за најмалите

by А1он29/04/2020 - 14:12230
Share0

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска денеска разговараше со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, при што искажа поддршка и благодарност за досегашниот несебичен ангажман на д-р Андоновски како директор на Институтот Козле, но и на сите вработени во оваа здравствена установа, во услови на корона-криза.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, во разговорот д-р Андоновски го информираше претседателот Пендаровски за начинот на функционирање на болницата, којашто од самиот почеток на пандемијата на вирусот КОВИД 19, е здравствената установа каде се лекуваат децата кои се сомнителни или пак боледуваат од вирусот, како и деца со висока температура и белодробни проблеми.

Андоновски појасни дека покрај редовните пациенти, во рамки на болницата функционира посебно КОВИД одделение и Институтот претставува КОВИД 2 центар.

Досега, како што посочи д-р Андоновски во разговорот, во болницата се тестирани повеќе од 50 деца. Од нив четири биле позитивни на вирусот. Најмалите дијагностицирани деца биле на возраст од 4 месеци, а најголемото на возраст од 15 години. Во моментов како што рече д-р Андоновски, во болницата во Козле се хоспитализирани три деца кои се сомнителни на вирусот, меѓу кои е и бебе родено пред 16 дена. Според д-р Андоновски децата коишто заболуваат од вирусот, имаат лесни симптоми и поминуваат без никакви компликации. Ова, како што истакна д-р Андоновски, во најголема мера е резултат на физичката дистанцираност, односно децата седат дома со своите родители и не посетуваат градинка или училиште.

Следете a1on на Youtube YouTube

Институтот за белодробни болести во Козле, според директорот Андоновски, и сега во овие вонредни околности, функционира без проблеми и има доволно медицински и немедицински кадар. Меѓу вработените досега нема лица заболени од вирусот КОВИД 19.

– Најпрво Ви посакувам да останете живи и здрави сите вие персоналот во Институтот. Да помагате. Огромна благодарност во име на сите граѓани затоа што им помагате на нашите најмили и најмали. И посакувам во иднина да немате многу работа по овој основ. Имате полна поддршка Вие и целиот персонал во болницата. Навистина Ви честитам за извонредните напори во изминатите два месеци, истакна претседателот Пендаровски во денешниот видео разговор со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

pendarovski

Би можело да ве интересира

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски31/05/2025 - 10:55

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

Горан Наумовски23/09/2024 - 09:10

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Предраг Петровиќ16/09/2024 - 15:56

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on09/05/2024 - 14:4709/05/2024 - 14:48

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Горан Наумовски09/05/2024 - 08:17

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ08/05/2024 - 21:5108/05/2024 - 21:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео