Шкријељ: Може да се очекува да има зголемен број на пријави за насилство врз деца

Од:

Може да се очекува зголемен број на пријави за насилство врз децата и семејно насилство како последица на состојбата која ја имаме, вели дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ. Таа вели дека претпоставуваат дека во вакви периоди, жртвите на насилство не се сигурни дали институциите ќе постапат и затоа не пријавуваат. Шкријељ убедува дека жртвите треба да пријават, бидејќи системот е функционален и ќе се направи се што треба за тие да бидат заштитени.

„Во Центрите за социјална работа не можеме да кажеме дека имаме зголемен тренд на пријави. Бројот не значи дека нема зголемување. Она со што се соочуваме кога во прашање е семејното насилство и во редовни услови, а посебно во ваква состојба е дека бројката на случаеви на насилство кое не се пријавува е секогаш многу поголема од таа која се пријавува. Темната бројка е многу поголема. За очекување е да претпоставиме дека во вакви периоди сите кои се соочуваат со насилство, не се сигурни дали институциите ќе постапат, затоа постојано ги охрабруваме и повикуваме да постапат, со цел да знаат дека институциите функционираат и ќе направат се што треба да ги заштитат. Кај нас во Центрите за социјална работа, немаме зголемен тренд на пријави на семејно насилство“, вели Шкријељ.

Таа повикува родителите и децата да се јавуваат на линиите за поддршка, со цел, да им се помогне за справување со предизвиците со кои се соочуваат поради вонредната ситуација и коронавирусот.

„Децата се една ранлива категорија. Може и се очекува да има и појави на насилство врз децата, зголемени. Токму затоа со УНИЦЕФ ги воспоставивме платформите и линиите за поддршка на родителите и децата. Треба да сме свесни дека сите ние се соочуваме со предизвици при справувањето со оваа состојба, дека родителите исто се под притисок, така што, преку ‘Линијата за позитивно родителство’ им нудиме онлајн поддршка за како да се справат со предизвиците кои се соочуваат“, додава Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска