Дипломатите, членови на Кризниот штаб за борба со пандемијата на МНР добитници на наградата „Дипломат на годината“

Од:

Наградата „Дипломат на годината“ што традиционално се доделува на Денот на Министерството за надворешни работи – 29 април, оваа година ја добиваат дипломати – членови на Кризниот штаб при Министерството формиран за борба со пандемијата.

Дипломатите Елеонора Тодоровска, Миа Димитровска, Јумни Сали, Драган Богдановски, Агим Муртезани, Срѓан Хаџи-Николов, Катина Георгиев, Бекри Ајдини, Бони Цветановскa, Сашка Талевска, Решат Бериша, Есат Велиу, Марјан Софрониески, Синиша Иванковиќ, Атина Ничоска и Сузана Тунева, кои неуморно и посветено се справуваа со предизвиците при репатријацијата на македонските граѓани затекнати во странство, се македонските дипломати на годината, соопшти МНР.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, упати честитки до наградените, до сите дипломати, како и до македонските граѓани:

-Работата на дипломатите е да им помагаат на граѓаните во странство, да ги промовираат државните интереси, да градат мостови на пријателства и лостови на сојузништва. Оваа година ги остваривме стратешките приоритети на нашата надворешна политика, членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, работа која што со децении бараше детерминираност и визија на дипломатите во МНР. Денес, на Денот на МНР, во услови на сериозни предизвици предизвикани од пандемијата, решивме на тој активен ангажман да му додадеме име и презиме и за прв пат, наградата „Дипломат на годината“ да ја доделиме на повеќе колеги кои во вонредни услови работеа извонредно. Честитки до нив и до сите дипломати, нека ни е честит Денот на МНР!, посочува Димитров во честитката.

МНР соопшти дека оваа година, со оглед на околностите, нема да биде одржана традиционалната прослава со која се одбележуваше овој ден. Денеска се одбележува 51 годишнината од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 год, тело кое преку Секретаријат за односи со странство, во 1994 година се етаблираше како Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ