Француското Национално собрание го одобри планот за излегување од мерките на ограничување

Од:

Со широко мнозинство, Националното собрание го одобри планот на владата за излез од мерките на ограничување, воведени на 17 март за ставање под контрола на епидемијата со Ковид-19.

За стратегијата на извршната власт од 571 пратеници, гласаа 368 пратеници, 100 беа против, додека 103 воздржани.

Во собраниската сала имаше само 75 пратеници поради мерките на социјално растојание, но сите пратеници можеа да гласаат.

Резултатот е без изненадување, бидејќи владата располага со апсолутно мнозинство од Републиката во движење.

Од мнозинството против гласаше само еден пратеник, а шест беа воздржани.

За време на дебатата опозицијата од левицата и десницата се покажаа многу критични за планот и стратегијата на владата на Едуар Филип.

Тиe ja обвинија извршната власт за „контрадикторни одлуки “ и „многу грешки“ околу маските, тестовите или враќањето училиштата.

Дури и ако парламентарците не го одобреа планот на владата, владата не ќе беше обврзана да се откаже од својата стратегија: гласањето предвидено со член 50-1 од Уставот е само консултативно.

За разлика од обврзувачкото гласање, закажано за мај, на предлог-законот што ќе произлезе од планот за излегување од мерките на ограничување.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата