ЕК сака банките со релаксирани правила да ги зголемат кредитирањата

Од:

Европската комисија (ЕК) предлага банките привремено да ги релаксираат правилата со цел да го олеснат кредитирањето на деловните субјекти и домаќинствата кои се борат со последиците од кризата на коронавирусот, изјави официјален претставник на ЕУ.

Доколку бидат целосно имплементирани, тие измени може да предизвикаат банките во Европа да испорачат дополнителни 450 милијарди евра заеми во економијата, изјави официјалниот претставник.

– Ние силно ги поддржуваме домаќинствата и деловните субјекти да ги минимизираат економските штети предизвикани од коронавирусот. Банкарскиот сектор може да направи одлична работа во ова, рече потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис во Брисел. Поголема флексибилност, како и предложените насочени измени на регулативата, ќе им овозможат на заемодавците да одржуваат непречено обезбедување ликвидност и на тој начин да им обезбедат на домаќинствата и на деловните субјекти пристап до потребното финансирање, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ