ДИК ги разгледа приговорите, партиите имаат право на тужба до Управниот суд

Од:

Државната изборна комисија доцна синоќа ги разгледа и ги одби сите 252 приговори поднесени од Социјалдемократскиот сојуз за вториот круг од локалните избори за 15 општини.

Во изминатите два дена беа одбиени и 33 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово и 60 за Центар, 16 на НДП за Гостивар, 4 на ДУИ за Студеничани и 2 на ДПА за Чаир и Врапчиште.

Одбиени беа и 15 од вкупно 17 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за општина Струга. За оваа општина беа прифатени два приговора, но бројот на гласови на овие избирачки места не влијае на конечниот исход бидејќи разликата меѓу Зијадин Села и заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владо Кочоски е околу 5.000 гласа.

По одлуките на ДИК партиите имаат право на тужба до Управниот суд на Република Македонија, чии одлуки се последни и конечни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија