Во францускиот Парламент е претставен планот за излегување од ограничувачките мерки

Од:

Францускиот премиер, Едуар Филип пред Националното собрание го претстави планот за олеснување на мерките на ограничување.

Притоа тој предупреди дека „ако индикаторите не се исполнети, олеснувањето на мерките нема да го има на 11 мај“.

Мерките на ограничување, нема да бидат исти во зависност од регионот, со оглед дека сите региони не се погодени од коронавирусот на ист начин.

Односно секое оддалечување на повеќе од 100 километри од домот, мора да има императивни потреби.

Значи од 11 мај повеќе нема да има потреба од потврда за излегување од дома.

Медиатеките, библиотеките и малите музеи ќе можат да отворат на 11 мај.

Од 11 мај ќе има 700,000 виролошки тестови неделно, позитивно тестираните лица ќе можат да се изолираат дома или во наменетите хотели.

Нивните блиски ќе бидат тестирани, а тестовите ќе бидат на сметка на социјалното осигурување.

Правилата на социјално растојание ќе треба и понатаму да се почитуваат, посебно во продавниците кои ќе можат да отворат на 11 мај, а секоја продавница може да побара носење на заштитна маска.

Рестораните и кафулињата ќе останат затворени, за нивното отворање одлуката ќе биде донесена по 2 јуни, додека пазарите на отворено, исто така ќе бидат доволени.

Во јавниот транспорт носењето на заштитна маска ќе биде задолжителна.

Спортските натпревари и понатаму остануваат забранети.

Односно сезоната 2019-2020 за професионалните спортови, како фудбалот не може да продолжи.

Засега нема одлука за летните одмори и за другите манифестации, бидејќи сите собири со повеќе од 10 лица остануваат и понатаму забранети.

Забранети се и религиозните свечености до 2 јуни.

Додека собирите со повеќе од 5000 учесници и на кои им е потребна дозвола од префактурата не ќе можат да се одржат пред септември.

Училиштата ќе бидат прогресивно отворени од 11 мај , додека другите од 18 мај, со максимум од 15 ученици во одделение, наставниот и училишниот персонал ќе биде со маски ако не можат да се почитуваат гестовите на заштита.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата