Тетовската компанија „Еколог“ донира 50 таблети за онлајн настава за деца од Велес

Од:

Тетовската компанија „Еколог“ и нејзините сопственици Дестани денеска во Општина Велес предадоа донација од 50 таблети наменети за ученици кои не се во можност да следат онлајн настава.

Лазим Дестани, еден од сопствениците, истакна дека биле поттикнати од правото секое дете да има право на пристап до современите технологии и затоа донацијата е наменета за ученици кои во оваа вонредна ситуација не можат да ја следат онлајн наставата.
– Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на Ковид-19, е да се осигураме дека децата кои се нашата иднина без пречки ја продолжуваат наставата, изјави Дестани.
Градоначалникот Аце Коцевски се заблагодари за донацијата и посочи дека во Велес има 403 ученици, најголем дел од основните училишта, кои не можат да ја следат онлајн наставата.
– Се надевам дека и други компании од земјава, особено од Велес, ќе го следат овој пример и со заеднички сили ќе можеме да придонесеме и да обезбедиме што повеќе таблети за да може децата да ја следат наставата, рече Коцевски.

Компанијата „Еколог“ досега има обезбедено околу 4.000 таблети за децата во голем број општини во земјава.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ