Филипче: Предлогот е од четврток навечер до понеделник наутро да има полициски час за првомајските празници

Од:

Утре на владина седница ќе се донесе одлуката за тоа колку ќе трае полицискиот час за време на првомајските празници. Ставот на министерот за здравство, Венко Филипче, е дека повторно, како и за време на велигденските празници, целиот викенд треба да биде затворен, односно да има полициски час од петок до понеделник.

„На утринскиот состанок на штабот јас го изнесов мислењето, кое е мислење и на Комисијата за заразни болести, која со консензус смета дека викендот треба да биде целосно затворен, како што беше оној за Велигден, односно од петок до понеделник. Во меѓувреме, видов некои реакции на министерот Чулев, но сметам дека овде не треба да станува збор за какво било лично мислење, став или желба, туку мислењата се темелат на стручните сознанија на Комисијата за заразни болести. Така функциониравме до сега“, вели Филипче и додава:

„Секако дека граѓаните не сакаат да седат дома, кој би сакал да седи дома затворен 3 дена, но има причина зошто е тоа така предложено“.

Овој предлог за целосно затворен викенд од петок до понеделник ќе се разгледа на утрешната седница на Владата каде ќе бидат слушнати мислењата на сите министри, по што јавноста ќе биде известена, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски