(ВИДЕО) Попова: Имаме еден Шилегов кој во опозиција го гушкаше ГТЦ и друг на власт кој со куп железо го нагрдува ГТЦ

Од:

„Оваа грдосија зад мене, за жал е новото „ремек дело“ на Шилегов за скопјани. Ова куп железо зад мене е директно нарушување на архитектурата на Градскиот Трговски Центар.

И архитектите, и уметниците, но и самите Скопјани се сложуваат дека оваа градба на Шилегов го нарушува ликот на Градскиот Трговски Центар“, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„Значи имаме еден Петре Шилегов кој во опозиција го гушка ГТЦ, и друг Петре Шилегов кој кога е власт со куп железо го нагрдува истиот Градски Трговски Центар.

Наместо целосна реконструкција, Шилегов си експериментира со Градскиот Трговски Центар.

ГТЦ за Шилегов е добар САМО за неговите бизнис интереси.

Ќе потсетам, со овој куп железо, на една осмина од трговскиот, на кровот направи зелено катче кое прокисна, но не заборави да изгради ресторан кој по реакцијата на јавноста никогаш не се доврши.

Ова не е архитектура ТУКУ талибански карактер на Петре Шилегов, чија неиживеаност скапо ги чини Скопјани.

Од друга страна во исто време кога се нагрдува ГТЦ, за време на полициски час среде центарот на Скопје се вадеа канделабри, и тоа во ек на корона пандемија од страна на целосно незаштитени работници.

Бараме итно да се запре градбата на оваа грдосија зад мене, и план за спас на Градскиот Трговски Центар од фикс идеите и неиживеаноста на Петре Шилегов.

Како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека најпаметното нешто што Шилегов може да го направи за спас на Скопје, и да ги спаси Скопјани од него е да си поднесе оставка“, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче