Дневниот биланс на починати продолжува да се намалува во Франција

Од:

Со 242 смртни случаи за 24 часа, дневниот биланс на починати од вирусот јасно се намалува, со што продолжува да се намалува и притисокот врз француските болници.

Епидемијата до вечерва уби вкупно 22.856 лица во Франција.

Според денешните бројки од здравствените власти се потврдува тенденцијата на намалување на бројот на пациентите на интензивна нега осумнаесет дена со ред.

Вечерва на интензивна нега се наоѓаат 4682 лица, од вкупно 28.217 пациенти кои се на болничко лекување поради заразата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата