(ВИДЕО) СДСМ: Сега нема потреба од лидерска средба, фокусирани сме на борба против коронавирусот

Од:

Во одговор на новинарско прашање околу ставот на Христијан Мицкоски за одржување лидерска средба, потпретседателот на СДСМ Коста Петров истакна дека сега нема потреба од организирање на лидерска средба, затоа што во овој момент најважно е надминувањето на пандемијата на коронавирусот и решавање на економските последици од неа.

„Ние сметаме дека не е време да се разговара за избори. Има време и ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки со цел да зачуваме повеќе работни места, да помогнеме на поголем број граѓани и да ја победиме оваа криза од коронавирусот“ порача потпретседателот Петров.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?