Филипче за Димитриевски: Разликата меѓу двата теста е 17-18 дена, доволен период пациент да се негативизира

Од:

Откако вчера градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски рече дека по тестирања во приватни лаборатории увидел дека е негативен на коронавирусот, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека е поради разликата меѓу времето кога се направени тестовите. Според Филипче, Димитриевски тестовите ги направил помеѓу 17-18 денови, а потоа уште еден по 10 дена, па заклучи дека затоа тој бил негативен.

„Тестовите се одобрени од СЗО. Има само претпоставки после колку време од тестирањето на кој се добива позитивен резултат може пациент да се негативизира, имајќи во предвид дека не се знае колку време претходно бил носител на вирусот. Во конкретниот случај, знаеме дека разликата меѓу двата теста е 17-18 дена, со третиот тест дополнителни 10 дена, сосема доволен период за еден пациент да се негативизира“, рече министерот.

Филипче посочи дека секој на кого му е дијагностициран коронавирусот, мора да седи во изолација 14 денови.

„Мерките се имплементираат за да се почитуваат, а за секоја мерка има медицинска издржаност. Четиринаесет дена трае инкубацискиот период. Еве и ние сме негативни, јас лично немам ниту решение за изолација, а седам 14 дена, бидејќи во било кој во тие 14 дена може да се покаже дека сум позитивен на вирусот. Во таа смисла, сметам дека апсолутно секој треба да се придржува до мерките“, кажа Филипче.

Во однос на извештајот од ДСЗИ за тоа дали има одговорност кај Димитриевски бидејќи не ги информирал премиерот и министрите дека се тестирал за коронавирус, Филипче кажа дека биле утврдени низа пропусти.

„Во наодот на ДСЗИ беа констатирани низа пропусти по што тој беше пратен во МВР за понатамошно постапување. Во таа смисла, не би сакал да коментирам“, рече Филипче.

Кумановскиот градоначалник вчера побара да му биде укинато решението за самоизолација од ДСЗИ, но и решенијата кои се издадени на лицата кои контактирале со него.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Многу отворени прашања за унгарскиот кредит, ние дававме кредити со многу пониски каматни стапки

А1он

(ВИДЕО) Филипче ѝ укажал на Сиљановска-Давкова за партизација во дел од безбедносните структури

А1он

Лидерот на СДСМ Филипче на средба во претседателката Сиљановска Давкова

ЗНАМ: Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор на СДСМ во кој нема никаков интелектуален капацитет

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он