Талибанците го отфрлија повикот на авганистанската Влада за прекин на огнот за време на Рамазан и да им дозволат на властите да се фокусираат на борбата против коронавирусот.
Надежи за ставање крај на војната во Авганистан се појавија кон крајот на февруари кога талибанците и САД постигнаа договор за повлекување на странските сили предводени од САД во замена за безбедносни гаранции за талибанците.
Но договорот не вклучуваше прекин на огнот, за кој требаше да преговара владата, која ја поддржуваат САД, со бунтовниците.
Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин на Твитер напиша дека прекинот на огнот е можен ако мировниот процес се спроведе во целост.