И модната недела кој се одржува деновиве не го заборави премиерот Груевски.
На ревијата завчера манекенките промовираа ташна за на пазар со ликот на Груевски. Нашите дизајнери така го вброија во редот на познати личности на ташни.
Долче и Габана минатата година на нивната колекција ташни го ставија маршалот Јосип Броз – Тито, на ташна се носеше ликот на Мерлин Монро и на Џемс Дин. Кој вели дека не сме креативни?