Словенија: Отказите во Горење ќе предизвикаат социјална катастрофа

Од:

Локалните власти на Велење остро реагираа на најавите на раководството на гигантот Велење, дека поради голем пад на прометот отказ ќе добијат над 2000 работници, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Заменик-градоначалникот Петер Дермол изјави дека претставници на општината ќе одат на разговори со кинеските сопственици на компанијата и дека ќе ги искористат сите најрадикални мерки кои им се на располагање да ги спречат отпуштањата.

Локалните власти предупредија дека од планираните 2.200 откази, 1.000 се во фабриката во Велење, а ако тоа се случи ќе биде социјална катастрофа за општината.

Во меѓувреме се активира и Синдикатот на вработените, од каде најавија дека остро ќе се спротивстават на отпуштањата, а првите состаноци со раководството на фабриката ќе се случат уште денес.

Фабриката Горење која сега е во кинеско сопствеништво објави дека нарачките за во април паднале за две третини, поради што мора дома да заминат огромен број работници.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски