Дванаесет штипјани излекувани од Ковид-19

Од:

Дванаесет штипјани досега се излекувани од Ковид-19, а за четворица пациенти се чека вториот тест. Доколку бидат негативни и тие ќе влезат во бројката на излекувани, соопшти денеска за МИА директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова.

Од почетокот на пандемијата досега во Штип се регистрирани вкупно 32 граѓани кои се позитивни на коронавирусот, но има и две жртви. Станува збор за 81-годишна жена и 83 годишен маж.  

Димитрова вели дека досега на пунктот, но и мобилниот тим на Инфективното одделение, имаат земено околу 300 брисеви, од кои повеќето од граѓани на Штип, но има и од Пробиштип и Радовиш.

Се земаат брисеви и на Инфективното одделение, каде што се лекуваат пациенти од целиот источен регион. Засега добро стојат со заштитна опрема. Вчера добиле донација во маски, а денеска дополнително ќе добијат уште една донација во друг вид на заштитна опрема.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на Инфективното одделение се лекуваат тројца пациенти заразени со коронавирус, по еден од Штип, Пробиштип и Пехчево. На Одделението за хирургија има примено еден пациент со сомнителни симптоми, кој се третира како да е заразен, но резултатите треба да покажат дали е позитивен.

Ѓеорѓијев истакна дека од утре ќе почнат со носење на брисевите во лабораторијата во МАНУ, со што се очекува побрзо да пристигнуваат резултатите за пациентите, кои се на болничко лекување.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“