Обвинителите прифаќаат намалување на платите, но не сакаат минимална плата

Од:

Извршниот Одбор на Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, по реакциите на своите членови исполнувајќи ја својата статутарна обврска , за заштита и унапредување на правата на јавните обвинители, одржа состанок (по електронски пат) на 13.04 2020 , на кој што беше заклучено да упатиме писмено известување до Вас, како надлежен ресорен министер.

Почитувана министерке,

Со донесената Уребата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба (Сл.Весник бр.97/2020) , во членот 2 став 3 е пропишано, дека оваа Уредба се однесува и на избраните јавни обвинители кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на јавните обвинители.

Согласно член 3 од оваа Уредба , за месеците април и мај 2020 година на јавните обвинители им се исплатува плата во висина на минималната плата утврдена за месец декември во 2019 година во Република Северна Македонија во износ од 14.500,оо денари.

Во член 52 став 4 од Законот за јавното обвинителство (Сл.Весник бр.150/2007) е пропишано , дека платите на јавниот обвинител за време на траење на функцијата на јавен обвинител не смее да се намали, освен во случаи определени со Закон.

Според Наше мислење, наведената Уредба со законска сила од правен аспект е дискутабилна затоа што со Законот за јавно обвинителство намалување на плата на јавен обвинител , согласно чл.73 е возможмо само како дисциплинска мерка по спроведена дисциплинска постапка.

Меѓутоа , наведената Уредба со законска сила е донесена како резултат на една од мерките за справување со пандемијата со вирусот COVID-19 и прогласување на вонредна состојба во нашата држава .

Како носители на со Уставот , пропишаната јавнообвинителска функција, како една од значајните и одговорни функција , за гонењето на сторителите на кривични дела за кој гонењето се превзема по службена должност, длабоко сме убедени и свесни , дека оваа пандемија освен по здравјето на нашите граѓани , ќе има длабоки негативни финансиски импликации на домашната и светската економија.

Од овие причини сметаме дека е НУЖНО И ОПРАВДАНО , товарот на негативните економските импликации треба да го сносат сите институции во Државата и сите граѓани, а во тој контекст и Јавното обвинителство и носителите на јавнообвинителската функција .

Меѓутоа, би сакале да укажеме на неколку клучни сегменти во извршувањето на јавнообвинителската функција и во овие вонредни околности:
Согласно Упатството на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и во ваквите вонредни околности, јавните обвинители продолжуваат да ја извршува својата функција.

– Во оваа насока, даден е приоритет во решавањето на кривичните пријави, против здравјето на луѓето кои што се една од казнено-правните мерки за заштита на доследна примена на сите прописи донесени од наделжните органи заради справување со оваа пандемија.

-Јавното обвинителство како државен орган, обезбедувајќи кривично-правна заштита на донесените наредби и мерки на надлежните органи, во оваа насока е клучен сегмент од аспект на превземање на кривично гонење на прекршителите на овие мерки во насока на специјална превенција (воспитно влијание на сторителите) но и генерална превенција (воспитно влијание на другите да не чинат вакви кривични дела).

-Јавните обвинители во овој момент на прогласена вонредна состојба , согласно своите законски овластувања од член 283 од ЗКП ја координираат и насочуваат работата на Полицијата и другите органи за откривање на сторителите на кривични дела.Во овој момент особено на оние против здравјето на луѓето.

-Во овие вонредни околности Јавното обвинителство, исто така ја извршуваат својата надлежност во решавањето на кривичните пријави против останатиот вид на криминалитет.Обвинителите електронски работат од дома,но определени постапувања бараат нивно непосредно учество при вршење на увиди на лице место и присуствуваат на сите закажани главни расправи од страна на судовите .

-Заради илустрација Би сакале да Ве известиме дека од започнувањето на вонредната состојба до овој момент, основните јавни обвинителства во Државата ИМААТ ПОДНЕСЕНО ДО ОСНОВНИТЕ СУДОВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА КАЗНЕНИ НАЛОЗИ , воглавно за кривични дела Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 од КЗ и Пренесување заразна болест од чл.205 од КЗ, ВКУПНО против 854 лица.

Како што е пропишано со одредбите од Законот за Кривична Постапка, доколку обвинетите поднесат Приговор против пресудите со кои се издадени казнени налози , ЌЕ СЕ ЗАКАЖУВА ГЛАВНА РАСПРАВА пред надлежните основни судови.
Јавните обвинители како овластени тужители во оваа постапка се должни да присуствуваат на закажаните главни расправи.
Со еден збор обемот на предметното работење во овие вонредни околности на јавните обвинители не само што не е намалено туку е ЗГОЛЕМЕНО .

Од овие причини сметаме дека : Намалувањето на платите на јавните обвинители е нужно заради распоредување на товарот на сите институции од негативните економски импликации кои ги има борбата против оваа пандемија за домашната и светската економија.

Меѓутоа, почитувана министерке , сметаме дека износот на платите на јавните обвинители не би требало да изнесува во висина на минимална исплатена плата од месец декември 2019 година од 14.500,оо денари.

Намалувањето на платите на јавните обвинители е н у ж н о, но не на во износ пропишан со наведената уредба со законска сила.

Од овие причини ве молиме, како ресорен министер :со ова наше писмено известување, да ги запознаете членовите на владата на Република Северна Македонија,-за да се извршат измени на наведената уредба,со тоа што, намалувањето на платите на јавните обвинители да биде во определен процент за месец април имај 2020 година, но не истата да изнесува на ниво одзагарантиран личен доход од 14.500, денари.

Здружението на јавните обвинители

Би можело да ве интересира

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Лога реагира на објавата на Дескоска: Во темнината пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, во светлината држат предавања за правдата

„Седи кец“ – Рената Дескоска за Извештајот на Европската комисија

Лога: Рената Дескоска е лош пример на министер за правда

Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска, очекувам Уставен суд да го укине Упатството за матични книги

A1on

Ласовска: Кандидатка на СДСМ за член на Советот на обвинители со потпис од Катица Јанева мисли дека е истакнат правник, а нема ден стаж

A1on