Телефонски разговор Матарела – Пендаровски, честитки за членството во НАТО и преговорите со ЕУ

Од:

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела денеска во телефонски разговор со претседателот Стево Пендаровски упати честитки по повод членството на Република Северна Македонија во НАТО и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на Претседателот на РСМ.

Пендаровски се заблагодари за конзистентната поддршка на Италија за европските и евроатлантските аспирации на Северна Македонија.

Двајцата претседатели разменија информации за состојбите во двете држави во контекст на справувањето со последиците од коронавирусот.

Пендаровски во името на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, упати сочувство до претседателот Матарела и граѓаните на Република Италија за големиот број починати лица и изрази солидарност со државата, која е меѓу најтешко погодените од пандемијата на КОВИД-19.

Воедно го запозна својот колега со мерките и активностите што државните власти ги преземаат во справувањето со кризата.

-Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски посочи на неопходноста од сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување на медицинска и заштитна опрема, треба да биде насочен и кон поддршка на економијата, бизнисот и сочувувањето на работните места на граѓаните. Изрази и уверување дека преку меѓусебна солидарност и соработка, европските држави ќе успеаат да ги надминат последиците предизвикани од ширењето на КОВИД-19, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски