Макрадули: Борбата против вирусот и заштитата на планетата мора да биде заедничка

Од:

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, вели дека Денот на планетата Земја не смее да биде во сенка на КОВИД-19.

„Впрочем, борбата против вирусот и заштитата на планетата, мора да биде заедничка. Пандемијата многу погласно се придружи на сите млади активисти, љубители на природата и посветени научници и скромни институции, во подигнување на свеста за неопходноста од решителна акција за зачувување на планетата како од вирусот, така и од последиците од климатските промени“, пишува во владиното соопштение.

Според него, пост-КОВИД стратегијата мора да има 3 компоненти: јакнење на јавното здравје со зајакнување на јавното здравство; опоравување на економијата која мора да биде циркуларна во својата суштина и приоритизирање на еколошките предизвици.

„Енергетската транзиција не смее да биде жртва на ниските цени на фосилните горива. Патот кон зголемено користење на обновливи извори и масовна примена на енергетската ефикасност, не смее да запре. Европа потврди дека новиот зелен договор мора да остане центар на опоравување на нивните економии, затоа и кај нас мора посткризната економија да има и социјална компонента и да се опоравува без дополнителни штети врз животната средина“, смета Макрадули.

Би можело да ве интересира

Стефанов доаѓа на местото на Макрадули во Македонски пошти

А1он

(ВИДЕО) Петровска: Сум учествувала во дел од Студијата за гасоводот, ама не застанав целосно

Предраг Петровиќ

Макрадули ја демантира Петровска: Таа е една од авторките на Студијата за гасоводот во 2011 година, зад очите на јавноста

Предраг Петровиќ

ИРГ за справување со загадување: За успешно вклопување на сите политики, неопходно креирање на автохтон македонски зелен договор

А1он

ВИДЕО: Загадувањето ми ги исели децата, вели граѓанин, Макрадули ветува дека до 2024 ќе го решат проблемот

А1он

Макрадули: Со новиот закон за Матка и Водно ќе има строго заштитени зони