Француската академија за медицина ги повикува Французите да носат маски

Од:

Академијата за медицина на Франција денеска објави соопштение во кое ги повикува сите Французи да носат заштитни маски без одлагање, јави дописникот на МИА.

Маските, па дури и тие изработени дома, според академијата, се единственото средство за да се спречи ширењето на епидемијата со коронавирусот. Академијата притоа подвлекува дека мерките за дистанцирање кои се воведени не се соодветни за ограничените мали простори, како лифтовите, продавниците или јавниот транспорт.

-За да биде ефикасно, носењето на маските против прскањето треба да биде за сите во јавниот простор. Оваа мерка може да има епидемиолошки ефект на движењето на вирусот, ако секое лице ја почитува (носи маска) кога ќе излезе од дома, се вели во соопштението.

Секој треба да се смета како „потенцијален носител на вирусот и дека е заразен“ Ограничувањето на носењето на маската само во јавниот транспорт е занемарување на јавниот простор каде што се уште постојат ризици, се вели во соопштението на француската академија за медицина.

Францускиот премиер во понеделникот изјави дека носењето на маска ќе биде задолжително во јавниот транспорт.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата