Будва: Цените како минатата година

Од:

Црна Гора ја дочекува овогодишната летна сезона со многу новини во понудата, како на море, така и во континеталниот дел, со нови инфраструктурни објекти и со многу љубов и надеж, изјави државниот секретар во црногорското Министерство за туризам, Далиборка Пејовиќ.

Таа вчера во Будва го отвори меѓународниот туристички саем, кој е проследен со уште две манифестации – саемот за опрема за хотелиерството и угостителството и саемот за екологија.

Будванскиот саем – еден од најголемите во регионот собра на едно место 220 излагачи од 12 земји.

Иако цените за овогодишната сезона ќе бидат соопштувани сукцесивно, зависно од периодот на сезоната, сепак засега е познато дека тие ќе бидат на минатогодишното ниво.

Хотелиерите, кои минатата година значително ја подобриле својата понуда, ќе имаат незначително повиски цени, изајви за „Новости“, Саша Радовиќ, директор на Националната туристичка организација на Црна Гора.

– Останатите, меѓу кои најбројни се сопствениците на приватни соби и апартмани, ги нудат ланските цени. Овогодишната црногорска туристичка формула глас: За исти цени подобра понуда, додаде тој.

Иако за цените дополнително ќе се зборува, бидејќи нив конечно ги одредува пазарот, уште од сега е извесно дека кревет во приватните сместувања во предсезона ќе чини од шест до десет евра, а во сезона од осум до 15.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала