Вицепремиерот Бесими се сретна со министерката за внатрешни работи на Финска, Расанен

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска оствари средба со министерот за внатрешни работи на Република Финска Паиви Расанен, која е во официјална посета на Република Македонија.

Досегашната соработка помеѓу двете држави, како и  нејзино продлабочување и проширување во рамки на постоечките инструменти за претпристапна помош, биле во фокусот на разговорите на средбата.

Вицепремиерот Бесими нагласувајќи дека Република Финска е еден од најпотенцијалните партнери за билатерална соработка, ја истакнал важноста на поддршката која таа ја дава за Република Македонија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ.

Тој ја нагласил и потребата за континуирана соработка и поддршка во делот на реформите преземени со цел пристапување на земјата во Унијата.

Бесими, соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања, се заблагодарил и за поддршката на Република Финска кон понатамошното исполнување на политичките критериуми кои претставуваат и дел од договорените приоритети во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво.

Тој нагласил дека е добредојдена секоја можна соработка во делот на актуелниот процес на длабинската анализа на степенот на усогласеност на националното законодавство со европското, што се спроведува од страна на институциите, пред се во дефинирањето на останатите цели на кои треба да се работи во насока на натамошно усогласување на политиките.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка