Во Италија повторно расте бројот на починати од Ковид-19

Од:

Во последните 24 часа во Италија од Ковид-19 починале 534 луѓе, што е најмногу од петокот, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Ова е значително зголемување на смртните случаи во однос вчера, кога беа пријавени 454 жртви.

Вкупниот број на жртви во Италија, каде епидемијата избувна на 21 февруари, се зголеми на 24.648. Италија е на второ место во светот по број на жртви, по САД, и на третото место по број на заразени.

Италија, исто така, ја има втората највисока стапка на смртност во светот, 13,3 проценти, а само Белгија со стапка на смртност од 14,6 проценти е пред неа, покажуваат податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Според најновите податоци, во земјава досега се заразени 183.957 лица.

Но, по втор ден по ред, бројот на активни случаи се намалува – од 108.237 вчера на 107.709 денеска. Опаѓа и бројот на лица на интензивна нега – 2.471 наспроти 2.537 колку што беа вчера. И бројот на излекувани денеска е поголем и изнесува 51.600.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија