МВР: Пријави против сите лица во Гевгелија кои играа оро на улица за полицискиот час

Од:

Во врска со настанот од 19-ти овој месец во Гевгелија, каде што повеќе граѓани ја прекршија забраната за движење согласно уредбите на Владата, Министерството за внатрешни работи, односно надлежните служби во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршиле службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица се во тек достави на покани за разговор во надлежната полициска станица.

„Исто така, по целосно документирање на настанот против сите инволвирани ке бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија“, соопштуваат од полицијата.

Ова следува откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое голем број лица во Гевгелија, на улица играат оро, славејќи го празникот Велигден, за време на полицискиот час и забраната за движење.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР