Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и подоцна неделава ќе се сретне со британската кралица Елизабета Втора, соопшти портпаролот на Џонсон, додавајќи дека премиерот сè уште официјално не почнал со работа.
– Тој вчера му изрази сочувство на канадскиот премиер Џастин Трудо по пукањето во Канада. Тој подоцна ќе разговара со претседателот Трамп. Кон крајот на седмицата ќе го прими и кралицата Елизабета Втора, изјави портпаролот прецизирајќи дека тоа ќе биде прв состанок на Џонсон по неколку недели.
Џонсон сè уште закрепнува од Ковид-19 поради што една недела беше во болница, а во негово отсуство, неговата работа врши министерот за надворешни работи Доминик Раб.