• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Истражување: Само шест проценти од директорите во јавните претпријатија се жени

by А1он21/04/2020 - 14:14333
Share0

Според анализата на Институтот за демократија, со јавните претпријатија во нашата држава најчесто управуваат мажи, при што само шест проценти од директорите се жени.

Добивај вести на вибер

– Податоците од истражувањата укажуваат дека во 2018 година само 29 отсто од членовите на управните и надзорните одбори биле жени, а во 2019 овој процент изнесувал 28. Најизразена е состојбата кај директорските позиции, каде што само шест проценти се жени. Ваквата состојба укажува на систематска дискриминација која оневозможува еднаков пристап до раководни позиции во сите области на нашето живеење, истакнуваат од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје.

Оттаму потенцираат дека родовата еднаквост значи дека жените и мажите, еднакво треба да уживаат исти права, ресурси, можности и заштита во општеството. На глобално ниво, постигнувањето на родова еднаквост е од приоритетна важност и се користат различни методи за да се урнат сите родовите бариери и сите форми на дискриминација.

– Учеството на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор е од клучна важност, што подразбира и еднаков статус и третман во остварувањето на човековите права и развојот на индивидуалниот потенцијал. Таквата потреба не е исклучена кога се работи и за јавните претпријатија. Праксата во нашата држава покажува дека кога е во прашање управувањето со јавните претпријатија постојат значителни разлики помеѓу жените и мажите, велат од Институтот.

institut za demokratijaistrazuvanjerodova ednakvost

Би можело да ве интересира

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Горан Наумовски05/03/2025 - 14:45

ИКС: Најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи

A1on29/03/2024 - 14:1029/03/2024 - 14:51

Галуп Интернешенел: Само петтина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023 година

A1on29/12/2023 - 10:19

Институт за демократија: Законот за висока раководна служба да се донесе пред парламентарните избори

Катерина Ѓуровски24/11/2023 - 11:24

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он01/07/2023 - 09:5001/07/2023 - 09:53

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски29/06/2023 - 19:2029/06/2023 - 20:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен