Чешките власти прават студија за одредување неоткриени случаи на заразени со Ковид-19

Од:

Во тек е сеопфатна студија во Чешка за да се утврди бројот на неоткриени случаи на заразени со коронавирусот во државата. Тоа го изјави денеска министерот за здравство Адам Војтех.

Според него, околу 27.000 лица на возраст меѓу 18 и 89 години ќе бидат тестирани во следните две недели во различни делови на земјата, каде што ширењето на заразата е различно.

Во тестовите се вклучуваат доброволци, како и избрани групи на луѓе со хронични заболувања. Децата исто така ќе бидат подлоќени на анализи во Прага и Брно.

Значителен број на носители на вирусот воопшто немаат или имаат само благи симптоми. Сепак, постојат загрижености дека тие ненамерно може да го пренесат вирусот на други луѓе.

Резултатите од студијата во Чешката Република ќе им помогнат на властите да изготват планови за постепено олабавување на рестриктивните мерки изречени за спречување на пандемијата. Според Министерството за здравство, досега 6.914 биле заразени во земјата и 196 луѓе починале од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница