Во Франција половина од вработените во приватниот сектор се погодени од последиците на пандемијата

Од:

Околу 9,6 милиони француски работници, речиси половина од вработените во приватниот сектор, се привремено без работа или работат скратено поради епидемијата со Ковид-19. Тоа го нагласи министерката за труд, Муриел Пеникод. Во интервју за француска радиостаница, Пеникод рече дека ги охрабрува компаниите што ја прекинале работата да го рестартираат бизнисот ако можат да ги спроведат официјалните упатства за хигиена и мерки за безбедност.

Франција кон средината на март нареди затворање на сите даватели на угостителски услуги чиј бизнис не е нужно додека е карантинот на сила, вклучувајќи ги сите кафулиња, барови и ресторани. Но, за разлика од други земји, никогаш не наметнале ограничувања на деловните активности во индустријата и другите сектори на услуги сè додека тие работат во согласност со регулативите за хигиена.

Најголема жртва на безбедносните правила на Франција е американски „Амазон“, кои минатата недела престанаа со активности во магацините во Франција, според судската наредба, иако тврдеа дека нивните мерки за заштита на вработените се соодветни.

Министерката рече дека француските мерки за привремено отпуштените, за кои им плаќаат на работниците 84 отсто од нивната нето плата, ќе останат во сила и по 11 мај, кога според најавата на претседателот Емануел Макрон, карантинските мерки треба да почнат постепено да се олеснуваат.

„Ние нема да ги запреме мерките за привремено отпуштените на 11 мај, бидејќи тоа ќе предизвика хаос“, рече министерката.

„Целта е да им овозможиме повторно покренување на бизнисите со заштита на работниците, а и компаниите да бидат сигурни дека може да им овозможат да работат со заштита“, рече Пеникод.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата