Сервер: Името може да се реши само со политичка волја на двете страни

Од:

Не сум сигурен што е новиот предлог на Нимиц, ниту знам колку ќе се покаже прифатлив за обете страни. Поентата е дека ова прашање може да се реши со политичка волја.

Има многу можни решенија. Но, сметам дека и на грчка, и на македонска страна, последниве 20 години не постоеше политичка волја, вели Даниел Сервер, професор на Катедрата за постдипломски меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкинс и член на универзитетскиот Центар за трансатлантски односи во интервју за Гласот на Америка на македонски.

Според Сервер, Македонија во моментов навистина сака да влезе во НАТО што е можно побрзо и тој прием би се случил пред влезот во ЕУ. За населението во Македонија, особено за албанскиот дел, решавањето на ова прашање е многу важно и би помогнало да се смират меѓуетничките односи доколку Македонија релативно брзо влезе во НАТО, а потоа и во ЕУ.

На прашањето во врска со американскиот влог во целиот процес, Сервер нагласува дека САД би сакале да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ.

– Важно е да се разбере дека САД навистина во ова немаат важен национален интерес. Би сакале да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ. Мое лично чувство, но тоа е целосно лично, е дека приемот во НАТО треба да се случи согласно Времената спогодба, што значи Македонија да влезе како поранешна југословенска република Македонија. Моето сознание е дека Македонците се подготвени да прифатат членство во НАТО под тој услов, , вели професорот.

И во однос на одлуката на Меѓународниот суд на правдата, Грција би требало да биде подготвена да го прифати истото, иако, очигледно, додава Сервер, се уште не го сторила тоа. Американците, доколку навистина сакаат да придонесат во ова, би инсистирале Македонија да влезе во НАТО што е можно побрзо како ПЈРМ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски