Кими останува во Формула 1

Од:

Кими Раиконен кој е возач на Лотус рече дека и следната сезона ќе се натпреварува во првенството на Формула 1, иако по завршувањето на сезоната му истекува двегодишниот договор со тимот.

„Немам договор за следната сезона, па немам и планови. Веројатно и следната година ќе се натпреварувам во Формула 1, ова натпреварување е многу чудно. Нема сè уште договор за 2014 година“, изјавил Раиконен.

Финецот изминатите денови се поврзува со екипата на Ред Бул, повикувајќи се на непотврдени изјави на сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, кој наводно рекол „дека Раиконен се наоѓа на листата на потенцијални возачи кои би можеле да возат за Ред Бул“.

За Ред Бул возат актуелниот Формула 1 шампион, Себастијан Фетел и Марк Вебер, чиј, договор истекува на крајот од сезоната.

„Секогаш има шпекулации во Формула 1 тоа е нормално. Сезоната штотуку започна, јас ќе се обидам да постигнувам добри резултати, па потоа ќе видиме што ќе се случи“, рекол Раиконен.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он