Траги од коронавирус пронајдени во водата за миење на улиците на Париз, водата за пиење не е ризична

Од:

Незначителни траги“ на Ковид-19 се откриени во водоводната мрежа на техничка вода во Париз, што служи за чистење на улиците, но според градските власти „нема никакви ризици за водата за пиење“, јави дописникот на МИА.

Лабораторијата за вода на градот Париз последниве 24 часа откри присуство на незначителни траги од вирусот Ковид-19 во водоводната мрежа на техничка вода на четири од 27 места каде се земаат примероци за тестирање.

Пронаоѓањето на траги од вирусот веднаш ја наведе општината итно да го прекине користењето на водата, како мерка на претпазливост.

Водата за пиење е во друга мрежа, што е целосно независна, и во неа нема траги од вирусот Ковид-19 и може да се консумира без ризици, тврди општината.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата