Досега ДИК разгледа и одби како неосновани 12 приговори од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар.
Сите приговори се со идентична содржина, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека членови на СДСМ ја нарушувале тајноста на гласањето со тоа што ги прашувале некои од гласачите од каде се и дали го знаат македонскиот јазик и каде гласаат?
Како доказ ВМРО-ДПМНЕ дури поднесе и извештаи од интернет портали кои тврдат дека гласале жители од Пустец и Корча од Албанија.
Претставниците во ДИК од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека иако повикана полицијата не се одзвала и не дошла да регистрира што се случува или да интервенира за законитост за процесот.
„Дали ви е крива сега полицијата“, праша Кондарко.
Сајковски, членот од ВМРО-ДПМНЕ во ДИК кој бил одговорен за односи со полицијата, иако неговата колешка Анета Стефановска му шепотеше да каже за инает дека имало нерегуларности и дека е виновна полицијата, сепак објасни дека проблеми со полицијата немало.
„Дали ќе не сакате повеќе ако гласам за приговорите, ја праша Виолета Дума, Анета Стефановска.
Челнот од ВМРО-ДПМНЕ Срцев, прочита напишан текст во кој стои дека во вториот круг се фрлила дамка на изборниот процес, дека имало полнење кутии и дека гласале лица од Пустец. Кондарко жестоко реплицираше, дека СРрцев држеше политички говор во вид на закана и притисок,
„Кој ги носеше лицата од Пустец да гласаат, кој им даде лични карти и кој им даде адреси на живеење. Дали сте Вие случајно опозиција во државата“, праша Кондарко.
„Зошто не го чувавте вака Кичево“, праша Сајковски, членот од ВМРО-ДПМНЕ во ДИК.
„А Вие големи патриоти зошто не го дочувавте Кичево“, одговори Кондарко.
„Дали овие гласачи се птици преселници па кога трева да гласаат, а зимно време ги нема. Ова и вакви проблеми треба да се решат за во иднина“, предложи Недредин Ибраими од ДПА.
Кондарко им рече дека со свои камења сега маваат оп своја глава и дека се прават слепи при очи, каде е злоупотребата.
ДИК одлучи да се поведе соодветна постапка против членовите на избирачкиот одбор на избирачкото место 2847, затоа што дозволил некој да запишува нечии лични податоци и тоа да се евидентира во записникот.
Во моментов ДИК е на пауза по што продолжува разгледувањето на останатите 54 приговори за Центар.