Иванов: Заврши тенденцијата за униполарна Европа, да се почитуваат универзалните човечки вредности

Од:

Секој предизвик претставува и можност за нови решенија. Денес Европската унија, но и Европа воопшто, не е ниту воена, ниту економска суперсила. Но, таа е дефинитивно суперсила на животниот стил. Околу концептот на суперсила секогаш гравитира дискурсот за униполарност и мултиполарност, истакна претседателот Ѓорге Иванов, на претседателската сесија во рамки на 16.

Евроазиски економски форум што се одржа во Истанбул во организација на фондацијата Мармара.
На тема „Униполарен свет или мултиполарен свет“ на сесијата, јави известувачот на МИА од Истанбул, говореа актуелни и поранешни претседатели на држави од речиси сите земји од регионот.
Според македонскиот претседател, тенденцијата за униполарна Европа заврши со Втората светска војна и го чинеше човештвото милиони човечки животи.

– Пред два дена, на предавањето на Истанбулскиот Универзитет реков дека Европската унија започна како мировен проект насочен кон превенирање на нови војни. Како одговор на неефикасниот европски концепт и стравот од униполарна Еврпа, се јави идејата за Европа како мировен проект во кој подеднакво ќе бидат вклучени сите нејзини држави и народи, истакна Иванов.

Осврнувајќи се на самата природа на мултиполарноста, тој рече дека универзумот не е униполарен, туку е мултиполарен. – Униполарноста во природата не постои, ниту во вселената, ниту на нашата планета. Се има своја спротивност. Поларноста е насекаде околу нас. Кога зборуваме за униполарен или мултиполарен свет честопати забораваме дека во основа станува збор за човечки заедници, рече Иванов, додавајќи дека во историјата не постои ниту една природна и трајна човечка заедница која е униполарна.

Според него, на државите, исто како и на луѓето, потребна им е ориентација. – Доаѓаме од различни делови на Евроазија. Нашите држави се разликуваат според географијата, територијата, демокрафијата и економијата. Се разликуваат според системите, навиките, културите и традициите, според историските искуства. Сите ние сме различни, а сепак имаме компас кој ни дава јасна насока кон каде треба да се движиме, рече претседателот Иванов, притоа посочувајќи дека тој компас всушност е меѓународното право кое дава стабилност и поредок.

– За мултиполарноста може да се каже дека е правило, а за униполарноста дека е исклучок. И, како секој исклучок, се јавува ретко и кратко трае, истакна шефот на македонската држава на крајот од обраќањето, притоа повикувајќи ги своите колеги да не зборуваат за униполарност на светот, туку за амбиент во кој ќе се почитуваат универзалните општоприфатени човечки вредности – слободата, човековите права, безбедноста и еколошки одржливиот економски раст и развој.

Со обраќањето на претседателската сесија, Иванов ја заврши тридневната работна посета на Турција.

Во текот на вчерашниот ден македонскиот претседател се обрати на форумот на тема „Закани и можности во Евроазија“, со порака за обединување на евроазиските лидери во однос на актуелни теми кои се однесуваат на иднината на евроазискиот простор.

Шефот на македонската држава на маргините на самитот оствари средби со вселенскиот патријарх Вартоломеј и со претседателот на турскиот Парламент, Џемил Чичек, како и со турски стопанственици од регионот Коџаели.

За време на престојот во Истанбул, претседателот Иванов одржа предавање на Правниот факултет на Истанбулскиот универзитет за „Процесот на зачленување во ЕУ од перспектива на демократијата на човековите права“.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on