Уметност на велигденски јајца

Од:

Елица Блажевска со својата четка, бои и многу креативност досега нацртала многу велигденски јајца, најмногу со мотивите на Дизни.

Најмалите најмногу се радуваат, а возрасните се восхитуваат на уметноста на овие прекрасни велигденски јајца, вели Елица Блажевска.

Таа најмногу се гордее на нејзината прва изработка дебелкото глувче Гас од Пепелашка.

За да се добие едно вакво нацртано јајце Блажевска вели дека е потребно околу 2 часа бидејќи самата изработката бара трпение, посветеност и многу љубов.

„Сакам се што е поврзано со креативност и уживам во уметност, па така пред 8 години се роди оваа идеја да цртам на велигденски јајца. Мотив ми се цртаните ликови од Дизни со кои израснав, стрип јунаците, a понекогаш и некоја нова идеја од секојдневието која ја прифаќам како предизвик, но секогаш се трудам да не се повторувам. Секој Велигден го чекам со нетрпение за да нацртам нови ликови. До сега секоја година цртав на природни јајца, но оваа година за прв пат цртав и на дрвени јајца, за да може малите дечиња да се радуваат подолго. Најголемо задоволство ми преставува не само реакцијата на дечињата, туку и на сите возрасни. Нивната насмевка ми е мотив и следната година да продолжам со цртање и да ги изненадам со нови и различни јаце за Велигден“, вели Блажевска.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска