Клубовите од втора, трета и четврта дивизија во Англија се известени дека нивните натпревари ќе се играат без публика откако ќе бидат обновени првенствата.
Професионалниот фудбал во земјава е прекинат од 13 март поради пандемијата од КОВИД-19.
– Не можам да ви кажам денес точно кога ќе продолжат дуелите. Сакаме да ја завршиме целата сезона и да ги одиграме сите преостанати натпревари, вклучувајќи го и плеј-офот за Премиер Лигата. Кога ќе се врати фудбалот, нема да има публика. Со или без навивачи, очекуваме целосно завршување на првенствата на различни нивоа на фудбалот. Постојат неколку фактори кои треба да ги земеме во предвид, како и да ги следиме советите на владата. Мора да бидеме искрени и да кажеме дека е нејасно сега дали ќе се играат фудбалски натпревари, изјави претседателот на англиската фудбалска лига Рик Пари за медиумите.