Албанскиот претседател Илир Мета денеска телефонски разговарал со неговиот косовски колега,Хашим Тачи, околу актуелната ситуација со Ковид-19 и координацијата и размената на искуства за успешно справување со пандемијата.
„Двајцата претседатели разговараа за актуелната состојба и мерките преземени од двете држави за успешно справување со здравствената и социо-економската криза создадени од пандемијата Ковид-19. Претседателите Мета и Тачи ја изразија волја во духот на сенационална солидарност и регионална соработка, двете земји да се координираат и разменуваат искуства за надминување на тешката состојба во интерес на заштита на здравјето на граѓаните“, соопштија од кабинетот на Мета.
За разговорот Мета објави и на неговиот профил на фејсбук.
„Задоволство е што денеска имав телефонски разговор со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи. Разговаравме за тековната состојба и мерките преземени од двете држави за успешно справување со здравствената и социо-економската криза создадени од пандемијата Ковид-19. Изразивме подготвеност во духот на сенационалната солидарност и регионалната соработка, двете држави да ги координираат и тесно да разменуваат искуства за брзо надминување на тешката состојба во интерес на заштита на здравјето на граѓаните“.
Претседателот Мета деновиве телефонски разговараше и со македонскиот колега Стево Пендаровски, при што двајцата претседатели размениле информации за актуелните состојби во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на Ковид-19.