ДОМ: Општина Охрид да го преиспита сечењето 33 стебла на „Туристичка“

Од:

Зелената партија ДОМ апелира општина Охрид да ја преиспита одлуката за сечење на 33 стебла јасен на улица Туристичка во Охрид.

„Преку уредно спроведена процедура, во Општина Охрид се планира сечење 33 стебла јасен. Соодветна комисија утврдила дека повеќето од нив се суви и претставуваат опасност по имотот и животот на граѓаните. Комуналните служби планираат замена на стеблата со друг вид, што не е карактеристичен за поднебјето“, велат од ДОМ.

ДОМ смета дека одлуките за сечење дрвја се носат премногу лесно, со што се намалува зеленилото во урбаните средини.

„Притоа Законот за урбано зеленило, што ДОМ го изработи и силно лобираше до неговото конечно донесување, се користи како изговор, наместо тој да се применува со цел постигнување на нормативот од 25 м2 зеленило по глава на жител. Исто така, ДОМ бара во случаи кога се планира сечење на дрвја во урбаните средини, освен задолжените комисии, да се вклучува граѓанскиот сектор и стручната јавност“, велат од Партијата.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице