Дутерте: Кој не почитува карантин, војската ќе му пресуди „по кратка постапка“

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе примени „воен суд по кратка постапка“ во случај на непочитување на едномесечниот карантин, воведен поради епидемијата на коронавирус во регионите каде најмногу се прекршува.

Тој рече дека ќе им наложи на полицијата и војската стриктно да водат сметка за примената на мерката за физичка дистанца и полицискиот час, доколку граѓаните не бидат дисциплинирани. Полицијата пријави околу 120.000 случаи на прекршување на карантинот од воведувањето во март.

– Полицијата и војската ќе инсистираат на физичкото дистанцирање и почитување на полицискиот час. Ќе го прават тоа. Тоа е како воен суд по кратка постапка. Па вие одберете. Ниту мене не ми се доапаѓа, рече Дутерте, додавајќи дека ќе мора тоа да го направи ако земјата биде загрозена, а граѓаните не покажат дисциплина.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски