Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со австрискиот претседател Ван дер Белен

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

За време на разговорот, како што соопшти неговиот Кабинет, биле разменети информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски го информирал австрискиот претседател за мерките што државните власти ги преземаат во справувањето со пандемијата, вклучувајќи ја и одлуката за повторно прогласување на вонредна состојба во следните 30 дена.

Во разговорот претседателот Ван дер Белен пренел дел од австриските искуства и мерки што државата ги презема во справувањето со ширењето на КОВИД-19.

– Поздравувајќи ја помошта што дел од компаниите со доминантен австриски капитал во земјата ја дадоа за справување со последиците на пандемијата, како и досегашната помош на ниво на Европската Унија и демонстрираната солидарност со државата, претседателот Пендаровски во разговорот со австрискиот претседател Ван дер Белен ја истакна потребата за сеопфатна помош од страна на Европската Унија за земјите од регионот, за справување со последиците од ширењето на КОВИД-19 на здравствен, економски и социјален план, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил и за јасната австриска поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија и истакнал дека неодамнешната одлука за почеток на пристапните преговори за членство е заслужено признание за напорите на државата во изминатиот период. Пендаровски изразил очекување, во овие вонредни околности, Европската Унија да изнајде модалитети за движење на интегративниот процес напред.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат