Филипче: 4.000 кумановци работат во Скопје, утре ќе утврдиме дали е логично градот да се затвори

Од:

Дали Куманово ќе биде ставено во карантин по примерот на Дебар ќе биде извесно утре, по состанокот на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека постојано имале барања градот да се затвори.

„Вчерашниот состанок во Куманово беше токму за тоа. Со воведување на сите досегашни мерки ние од штабот во Куманово добивавме барање да запре комуникацијата на градот. Но таму има околу 4000 граѓани кои секојдневно патуваат на работа во Скопје. Треба да утврдиме дали ќе има логика едно такво барање или не. Утре наутро официјално ќе се разгледа барањето за Куманово за што веднаш ќе информираме“, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека го разгледуваат секое барање што го добиваат. Веќе имале барање да се скрати работното време на маркетите, но анализите покажале дека тоа дополнително ќе го зголеми метежот во периодот кога ќе биде дозволено да работат. На ист начин министерот најави дека ќе биде анализирано и барањето за карантин во Куманово.

И претседателот на државата Стево Пендаровски денес состојбата во Куманово ја оцени како лоша и посочи дека и за Куманово треба да се приемни моделот на затворање на градот кој што беше применет во Дебар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он