Филипче: Влегуваме во најкритичната фаза, ве молам за празниците останете дома

Од:

Категорично останувам на ставот дека не смее да има никакво групирање на граѓаните, апелираше министерот за здравство, Венко Филипче, а во врска со претстојните велигденски празници.

„Влегуваме во најкритичната фаза на епидемијата, каде бројот на новозаболени очекувано расте, но не смееме да дозволиме овој број дополнително да го зголемиме поради овие групирања. Сите имаме одговорност. Потенцирам дека оваа форма на собирање воопшто не ја одобрувам, собирања од кој било тип се дополнителен ризик и апелирам до граѓаните да се придружуваат до препораките“, изјави министерот за здравство на вечерашната прес-конференција.

Тој беше дециден и во неколку наврати ги замоли граѓаните да останат дома и за време на причестите, за да се избегне неочекуван нов пик на болеста.

„Собирите се недозволиви. Ние имаме мерки со кои такви собири се забранети. Владата има донесено одлука дека граѓаните не можат да се групираат во групи поголеми од двајца. Имав разговори со министри од сите држави ид регионот и сите се во оваа слична фаза. Ако сега не се почитуваат мерките, без разлика што е верски празник, ние, знаете, имаме месец пред нас и со други верски празници, тоа значи дека даваме шанса за следен пик за две недели од сега. А ние тоа се обидуваме да го избегнеме. Затоа се и сите овие апели. Навистина апелирам, може овој празник дома да се помине, ништо нема да се изгуби, тоа е инвестиција во здравјето. Не сакаме да ни се јави пик кога не го очекуваме“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација