Во Франција изречени над 760.000 казни поради непочитување на рестриктивните мерки

Од:

Француските сили на редот за еден месец од стапување во сила на ограничувачките мерки за движење, извршиле над 12,5 милиони проверки, притоа изрекле 762.106 казни за непочитување на мерките.

-Силите на редот извршија скоро 12,6 милиони проверки и изрекоа 762.106 казни, изјави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, за време на сослушувањето од страна на контролната мисија на мерките поврзани со епидемијата „Ковид-19“, основана од Комисијата за правни прашања во Сенатот.

Кастанер наведе дека во просек 100.000 припадници на силите на редот се мобилизирани за спроведување на овие проверки, а за време на на велигденскиот викенд или на почетокот на училишните празници 160.000.

Тој исто така појасни дека се воспоставени „специфични организациони доктрини“ за да може полицијата да продолжи, заедно со нејзината мобилизација заради здравствениот контекст, да се бори против терористичка закана „која е непроменета и за жал постојана “.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата