Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираат на денешната прес конференција на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
Според ВМРО ДПМНЕ, единствен начин да се справиме со пандемијата во Прилеп и Куманово е да се прогласи кризна состојба во тие два града.
„Шекеринска наместо како по модна писта да се шета наоколу, треба да ги праша стручните лица во МО, кои ќе и кажат како е тоа можно. Дали Шекеринска знае колку припадници на Армијата се доведени во опасност од контактите со лица заразени соо коронавирус во жариштата како Куманово и Прилеп. Не смее да се дозволи ескалација на состојбата. Ограничениот здравствен капацитет на Македонија нема да може да го издржи тоа“, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.