ЗНМ и ОБСЕ обезбедија заштитна опрема за новинарите од повеќе медиумски куќи

Од:

Здружението на новинарите (ЗНМ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска информираа дека се обезбедени 150 пакети со заштитни средства за новинарите од околу 100 медиуми.

Секој од пакетите содржи заштитни маски, ракавици, наочари, средства за дезинфекција и други потребни средства. Дистрибуцијата почнува од денеска, а ќе се одвива во текот на наредните неколку дена.

– Медиумските работници се на првите борбени линии, изложени на секакви опасности, а како што можеме да видиме и на опасноста да бидат заразени. Заштитени истражуваме, објавуваме и информираме. Коронавирусот е опасен, но исто толку опасна е и заразата да останеме неинформирани за тоа што се случува околу нас во оваа вонредна состојба што ја живееме, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева