ЕК призна дека биле затечени од коронавирусот и дека не можеле да и ја понудат на Италија потребната помош

Од:

Првиот човек на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги повика на солидарност сите членки на Европската унија, изјавувајќи дека никој од нив не бил подготвен кога се појави епидемијата од коронавирусот во Европа.

Претседателката на Европската комисија призна дека во ЕУ биле неподготвени за новиот вид епидемија од коорнавирус и дека затоа не можеле на Италија да и ја понудат потребната помош и подршка што и била потребна во тој момент.

Во обраќањето до Европскиот парламент (ЕП) таа ги повика земјите членки на ЕУ на солидарност, истакнувајќи дека „никој не беше подготевн “ кога епидемијата беше штотуку појавена, пренесе јави агенцијата Анадолија.

-Никого немаше кога помошта на Италија и беше најпотребна. Зaтоа длабоко и се извинувам во името на цела Европа, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека сега е многу важно да се промени тој пристап и однесување.

„Европа брзо сфати дека треба да ги штити сите за на тој начин и себе си да се заштити, рече претседателката на ЕК.

Таа додаде дека Европа, по сето ова, повторно е солидарна и делува заеднички, додавајќи дека таа е горда на тоа што е Европјанка.

Фон дер Лајен истакна дека најпотребната медицинска опрема „се превзува во сите правци“ во Европа и дека сите земји членки почнаа меѓусебно да се поддржуваат

На крајот таа порача дека Европа сега треба да ги остави сите свои разлики и поделби зад себе и да делува единствено.

-Во новиот свет ни се потребни храброст, доверба и солидарност, кажа Урсула Фон дер Лајен во Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале