А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одредени градови се под сериозен ризик заразата целосно да излезе од контрола

by А1он16/04/2020 - 09:46192
Share0

„Сочувство и поддршка за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија своите најблиски заради корона вирусот. Одредени градови се под сериозен ризик заразата целосно да излезе од контрола, но за СДСМ се поважни внатрепартиските пресметки од помошта која им е неопходна на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

Суетата и политичката битка меѓу техничкиот премиер и градоначалникот на Куманово ги загрозува животите на сите граѓани кои живеат во општината.

Бројот на починати и заразени секојдневно се зголемува, а Македонија е меѓу водечките во регионот и Европа по смртност од коронавирусот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Државата се соочува со пандемија од огромни размери која прогресира, а дополнително се очекува истата да го доживее пикот.
Сведоци сме на рапидно зголемување на бројот на заразени и починати.

Следете a1on на Youtube YouTube

Владата на Република Македонија и нејзините претставници не обезбедуваат доволно тестови за подобар увид во состојбата, ниту доволно опрема и заштита за оние кои во првите линии се грижат за здравјето на граѓаните.

Додека во сите развиени европски земји здравствените работници се оние во кои се вложува најмногу, во Република Македонија секојдневно сме сведоци на зголемување на бројот на заразен персонал.

Здравствените домови секој ден се соочуваат со проблеми со персоналот кој поради немање на соодветна опрема е директно изложен на ризик и се заразува со коронавирусот. Владата мора да изнајде решение со кое ќе ги обезбеди сите здравствени работници за тие да ја вршат својата работа онака како што треба. Не смее да дозволиме да се зголемува бројот на заразени здравствени работници.

Владата не смее да чека ниту миг повеќе. веднаш да изнајде начин да се помогне секаде каде што е тоа потребно и здравствените работници да ги имаат сите услови за работа кои им се потребни сега кога се борат со можеби најголемиот предизвик во нивните кариери.

ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање и ќе се бори заедно рамо до рамо со здравствените работници. ќе помагаме секогаш кога тоа ќе биде потребно. ВМРО-ДПМНЕ искажува директна и отворена поддршка до здравствените работници и сите други кои се во првите линии во борбата со коронавирусот и пандемијата која ја зафати нашата држава.

Во овие мигови најважно е здравјето на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео