Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри може да го предводи Њукасл.
Според „Сан“ 53-годишниот Италијанец ќе стане дел од новиот проект на клубот, кој наскоро ќе го откупат нови инвеститори.
За Алегри се заинтересирани и Манчестер јунајтед, Арсенал, Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ.
Во тековната сезона, Њукасл по 29 натпревари го зазема 13. место во Премиер лигата, со 35 бода.